Најдобриот фудбалер на светот за 2018. година, Лука Модриќ заработи повреда на мускулот на десната нога, поради која нема да може да му помогне на својот тим на мечот против Леванте во шпанската Ла лига.
Од клубот пренесуваат дека не знаат колку Хрватот, ќе биде надвор од терените, но сигурно е дека тој нема да биде во тимот за мечот против Леванте. Повредата на Модриќ е нов проблем за Зинедин Зидан, бидејќи Хрватот е единаесетти фудбалер кој од стартот на подготовките за новата сезона заработи повреда.
Добра вест за Зидан е таа што на денешниот тренинг се појави Лука Јовиќ кој поради повреда не патуваше за Луксембург, каде Србија играше квалификациски натпревар за Европското првенство во 2020 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА