Диего Марадона неодамна ја презеде клупата на последнопласираниот тим во аргентинската Суперлига. Во ист момент Суперлигата стана дополнително интересна затоа што Марадона во својата татковина не работел уште од неуспехот на селекторската позиција на СП 2010.
Но, самиот тим Гимназија, откако пристигна Марадона, веднаш доби нови 3.000 членови.
„Не сум волшебник, дојдов да работам. Може да ветам дека нема да пропуштам ниту еден тренинг иако можеби некој новинар-идиот ќе тврди поинаку“ – изјави Марадона на промоцијата во понеделникот.
И, веќе во вторникот не се појави на тренингот на клубот. Не се знае дали причина е повреденото колено поради кое на официјалната промоција во понеделникот пристигна во голф возило, или има нешто друго.
Секако, аргентинските медиуми веднаш пишаа дека Марадона го нема на тренингот на клубот. Па, Диего веднаш се насрна со навреди кон новинарите:
„На сите гадови сакам да им порачам. Моето отсуство беше договорено со претседателот на клубот. Кога сите би ги работеле своите работи подобро и нашата земја ќе биде многу подобро место за живеење“ – истакна Марадона по појавените написи во аргентинските медиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА