Ракометарите на Пролет стигнаа и до втората победа во Суперлигата откако денеска беа подобри нагости од Металург 2 со 32-33.
Пролет го диктираше темпото на почетокот на мечот, но младите ракометари на Металург не се предаваа. Првиот дел се играше гол за гол, а најголемата разлика која ја имаа двата тима изнесуваше плус два. Сепак на полувреме се замина со само гол предност за гостите (12-13).
Пролет одлично го отвори второто полувреме особено во фазата на напад и со серија од 6-1 успеа да стигне до највисоките плус шест (23-29). Домаќините не се предаваа па со серија од 4-1 во 54. минута се доближија на минус три (27-30). Продолжи одличната игра на Металург 2 кој на две минути до крајот успеа да го израмни резултатот на 32-32. Џонов успеа да го реализира последниот напад за својата екипа, враќајќи го Пролет во позитива од еден гол 32-33, а последниот напад за Металург 2 не успеа да го искористи Љубевски.
Најдобар поединец во победничкиот табор беше Иван Џонов со 10 гола, додека Мартин Поповски постигна 6. Кај Металург 2 Мелоски и Кофилоски постигнаа по 6 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА