Нескриен оптимизам владее во таборот на Брегалница пред утрешното гостување против Саса во Македонска Каменица во 4. коло од Втората лига – Исток.
По претходните три убедливи изданија на стартот од сезоната, огромна е желбата кај секој поединци во составот на „сините“ за нови три бода. А убеден во триумф е и офанзивецот Иван Настевски кој верува дека ќе бидат нанижани нови три бода…
„Ќе одиме по цел плен на мечот против Саса, иако максимално ја респектираме нивната екипа. Нема од што да се плашиме знаеме што не очекува и подготвени сме за оваа пресметка во Македонска Каменица. Знае Саса некогаш да биде тврд орев како домаќин, но не и нескршлив. Ја прифаќаме фаворитската улога, и одиме на секоја утакмица на три бода“ – вели Иван Настевски.
ВТОРА ЛИГА – ИСТОК (4. КОЛО, денеска, 15:30 ч.)
Каменица Саса – Брегалница
Тиквеш – Питу Гули
Кит Го – Осогово
Победа – Плачковица
Беласица – Кожуф
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА