Се подготвува спектакуларна размена меѓу Реал и Јунајтед

Реал Мадрид и Манчестер јунајтед работат на спектакуларна размена Тони Крос – Пол Погба, пренесува германски „Билд“.

„Кралевите“ уште ова лето се обидуваа да го доведат Погба и очигледно нема така лесно да се откажат од францускиот репрезентативец. А, Манчестер сити, од друга страна, од поодамна е заинтересиран за Тони Крос. Па, постои огромна можност да се постигне договор за размена на двајцата фудбалери.

За Крос, „црвените ѓаволи“ претходно нудеа 75 милиони евра, и тоа беше причината поради која Реал го продолжи договорот со Германецот до 2023 година.

Во секој случај јануарскиот преоден рок ќе биде повеќе од интерес. Веќе е јасно дека двата клуба до тогаш ќе имаат доволно време за заеднички договор.

Се вчитува...