Работник не успеа да го круниса со победа дебито во Лигата на шампионите, откако минимално загуби од Спортинг Лисабон со 29-30.
Домашниот терен требаше да биде значаен адут на „фармацевтите“, но и покрај солидната атмосфера, изостана „вулкан“ со кој ќе се изврши притисок врз противниците и арбитрите, но и ќе им се дадат крилја на своите миленици. А во еден така израмнет натпревар, толку малку требаше за резултатот да биде сосема поинаков, па и оваа европска премиера да има хепиенд за битолскиот клуб.
Ако Битола е „град на ракометот“, за каков што го сметаме, тогаш сериозен проект како Работник дефинитивно заслужува трибините во салата „Боро Чурлевски“ да бидат исполнети до последно место. Чекањето на фузијата со Пелистер не е никаков изговор, на Алушовски и неговите избраници им е неопходна поддршка веднаш, за уште поголемо подобрување на рејтингот на мак-ракометот, но и за враќање на Битола на европската ракометна мапа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА