Јотиќ: Не ги искористивме шансите кога имавме играч повеќе

Ловро Јотиќ беше еден од најдобрите поединци во таборот на „Фармацевтите“, постигнувајќи пет гола, во поразот во деби мечот  во Лигата на шампионите од Спортинг (29-30).

„Јас им честитам на моите соиграчи кои дадоа максимум. Како и на публиката која не бодреше во текот на целиот меч. Не искористивме шансите кога имавме играч повеќе и тоа на крајот не чинеше победа“, изјави Ловро Јотиќ.

Во следното коло Работник му гостува на Савехоф.

Се вчитува...