Тренерот на францускиот шампион Пари Сен Жермен, Томас Тухел нема да може да смета на своите најголеми ѕвезди, Нејмар и Килијан Мбапе за дуелот со Реал Мадрид.
Нејмар е суспендиран поради инцидентот на реванш дуелот минатата сезона во Лигата на шампионите против Манчестер Јунајтед, кога го нападна главниот судија Дамир Скомина. поради што доби казна од три натпревари. Младиот Французин иако почна со индивидуалните тренинзи, сепак се уште нема да биде подготвен.
Дуелот на „Паркот на принцовите“ во Париз е закажан за среда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА