Проблеми за Лампард – Челси без четворица првотимци против Валенсија

Менаџерот на Челси, Френк Лампард се соочува со големи проблеми пред првиот натпревар сезонава во Лигата на шампионите. Германскиот дефанзивец, Рудигер поради повреда беше заменет на натпреварот против Вулверхемптон изминатиот викенд, па сега повторно ќе мора да отсуствува извесно време од терените.

Со повреда се соочува и Нголо Канте поради повреда на глуждот е надвор од терените подолго време. Хадсум Одои и Рајс Џејмс исто така нема да бидат подготвени за мечот против Валенсија, иако беа дел од У23 тимот на Челси минатиот петок, но се уште не се подготвени за мечеви од елитното натпреварување.

Челси ја пречекува Валенсија на „Стемфорд Бриџ“ утре со почеток во 21 часот, а веќе во следното премиерлигашко коло тимот на Френк Лампард ќе го пречека лидерот Ливерпул.

Се вчитува...