ЕКИПА во Љубљана,
Катерина Павлова Николовска, Никола Ѓуровски
Македонија во дебитанското учество ја оствари и првата победа на ЕП. По трите порази, избраниците на Никола Матијашевиќ одлично го искористија слободниот ден, зедоа сила и покажаа врвна европска класа против Белорусија. Со 3-1 во сетови славеа во „Стожице“ и тоа откако го загубија воведниот сет.
Дарко Ангеловски секогаш е расположен за добра изјава, а посебно е мотивиран кога Македонија ќе победи.
„И ова мораше еднаш да се случи. Не сме ние како Словенците, па да чекаме четири Европски за прва победа. Ние победивме на четвртиот меч. Оваа победа не крена, бевме во канал, да не речам во септичка јама бевме затворени. Но, победивме и сега сме подобри. Утре играме со Словенија, ќе видиме…Можеби пак ќе ни се погоди. За да се пласираме на Европско ни требаа пет работи, па сите се погодија. Зошто не и утре“, изјави за ЕКИПА, Дарко Ангеловски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА