Српскиот плејмејкер Милош Теодосиќ поради повреда го пропушти Светското првенство во Кина, а од неговиот нов клуб Виртус Болоња очекуваат да на почетокот од октомври биде подготвен да се врати на терените и да му помогне на тимот.
32-годишниот кошаркар се опоравува од повредата на стапалото која ја доби на подготвителниот дуел на Србија против Литванија.
„Потполно ќе се опорави и наскоро ќе излезе на теренот. Милош нема да биде во игра за првиот натпревар, но ќе биде потполно подготвен на почетокот на октомври“, изјави извршниот директор на Болоња, Лука Баралди.
Теодосиќ во јули потпиша тригодишен договор со поранешниот шампион на Европа, во кој тренер е Александар Ѓорѓевиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА