Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан е разочаран од играта на својот тим на мечот против ПСЖ кој неговиот тим го загуби со 3-0.
„Сите сме во еден чамец. Кога победуваме, сите победуваме, а така е и кога губиме. Не сакам да вперувам прст во никого, сите сме вининовни кога губиме. Сепак, не сум загрижен, обично создаваме шанси. Имавме две шанси, дадовме два гола, но ВАР ни ги поништи. Тоа е фудбалот“, изјави Зидан.
Во вториот натпревар од Б групата Галатасарај и Бриж одиграа без победник 0-0, а во следното коло „кралевите“ играат против белгискиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА