Тиквеш ја доби првата дерби пресметка во Втората лига – Исток против Брегалница сезонава. И тоа среде Штип во отворањето на 5. коло од шампионатот. Капитенот Ѓорѓи Мојсов е херојот на кавадарчани кој на најдобар можен начин ја збогати кавадаречката фешта среде Штип, за дополнително славје на „Лозари“.
Во секој случај, извонреден амбиент на Градскиот стадион во Штип, ретко виден и на прволигашките домашни терен, благодарение на „Фалангата“ и „Лозарите“ кои подарија вистински шмек како дополнение и на квалитетната фудбалска претстава на теренот…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА