ЛЕ: Јунајтед се мачеше но славеше, Рома убедлива, реми на Партизан и АЗ Алкмар во Белград… (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед долго се мачеше да го скрши отпорот на Астана во 1. коло од Групата Л во Лигата на Европа, но успеа да стигне до триумф од 1-0 благодарение на погодокот на Гринвуд во 73. минута од натпреварот.

Во оваа група, повеќе од интересен меч одиграа Партизан и АЗ Алкмар во Белград кој заврши без победник, 2-2. Партизан имаше и предност од 2-1 со головите на Начо во 41. минута од пенал и во 62. минута…

Но, Холанѓаните, иако и со фудбалер помалку, стигнаа до израмнување преку Боаду во 67. минута.

Рома во Групата Ј дојде до лесна победа од 4-0 против Башахшехир, а австриски ВАЦ приреди вистинско изненадување со убедливата победа од 0-4 на гости против Борусија Менхенгладбах.

ЛИГА ЕВРОПА – 1. КОЛО

ГРУПА Г: Порто – Јанг Бојс 2-1, Глазгов Р. – Феенорд 1-0

ГРУПА Х: Лудогорец – ЦСКА Москва 5-1, Еспањол – Ференцварош 1-1

ГРУПА И: Гент – Сент Етјен 3-2, Волфсбург – Александрија 3-1

ГРУПА Ј: Рома – Башахшехир 3-0, Менхенгладбах – Волфсбергер 0-4

ГРУПА К: Слован – Бешикташ 4-2, Вулверхемптон – Брага 0-1

ГРУПА Л: Партизан – АЗ Алкмар 2-2, Манчестер јунајтед – Астана 1-0

Се вчитува...