Партизан, поради казната од УЕФА, синоќа мораше да го игра без поддршка од навивачите првиот натпревар од групната фаза во Лига европа против АЗ Алкмар во Белград.
Но, УЕФА дозволи единствено присуство на дечиња под 14 години на трибините на стадионот на Партизан. Сепак, и од Европската куќа на фудбалот не очекуваа дека Партизан ќе може да собере дури 22.000 дечиња притоа создавајќи повторно извонредна атмосфера на трибините.
NAPRED PARTIZAN!!! pic.twitter.com/cUbE1GcyBR
— COMANCHI (@COMANCHI4) September 19, 2019
„Црно-белите“ успеаја да го наполнат стадионот во соработка со бројни училишта од Србија, но и фудбалски школи кои се под закрилата на Партизан и од Македонија…
Како што информираа и самите од УЕФА досега невидено во историјата на фудбалската игра.
„И претходно праксата била да дозволуваме дечиња на натпреварите доколку клубот е казнет да игра пред празни трибини. Но, никогаш не се случило некој да собере 22.000 дечиња. Досега немало повеќе од три илијади дечиња“ – велат од УЕФА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА