Атлетико Мадрид доби значаен адут во судскиот процес со Барселона и Антоан Гризман откако денеска беа обелоденети докази за „нелегални преговори“ меѓу каталонскиот гигант и францускиот голгетер. Да потсетиме, Барса го доведе Гризман активирајќи ја клаузулата од 120 милиони евра на почетокот на јули, но мадридскиот клуб уште од првиот момент тврдеше дека преговорите се водени многу порано, што е забрането според правилата на ФИФА.
Весникот „Ел Мундо“ денеска објави и доказ за тоа, дел од комуникацијата меѓу сестрата на Гризман, адвокатот и менаџерот, во која се гледа дека било договорено тројцата да поделат премија од 14 милиони евра за својот дел од трансферот. Проблемот е во тоа што комуникацијата е од март 2019 година, повеќе од три месеци пред трансферот да биде официјализиран.
Атлетико тврди дека во тој момент клаузулата не била активна и поради тоа бара Гризман да биде платен по „пазарна цена“, за која мадридскиот клуб тврди дека изнесува 200 милиони евра. Затоа, мадридскиот клуб по судски пат бара дополнителни 80 милиони евра, а по најновите докази големи се шансите дека Барса ќе биде принудена да доплати богатство за Гризман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА