Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде бара тројца фудбалери да го напуштат тимот, бидејќи сака да го намали играчкиот кадар.
Ракитиќ и Видал се на излезна врата од „Камп ноу“, а Валверде вели дека има премногу среднисти (седум), за трите позиции кои ги има во средината на теренот. Тој сака да им даде шанса на Алења и Серџи Роберто кој е универзалец, па затоа двајцата искусни фудбалери ќе го напуштат клубот. Ракитиќ беше пред потпис со Јувентус, но немаше време да се оствари трансферот. Видал сакаше да премине кај Конте во Интер, но Барселона бараше премногу пари.
Третиот фудбалер кој би можел да го напушти клубот е Самуел Умтити. Тој иако е повреден не сака да го напушти клубот, но и кога ќе се врати од повредата тешко дека ќе биде стартер бидејќи кај Валверде, неприкосновени во одбраната се Пике и Ленгле.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА