УЕФА со драконска казна за Анте Ребиќ

Европската фудбалска федерација (УЕФА) жестоко го казни хрватскиот репрезентативец Анте Ребиќ. Ребиќ е е исклучен на мечот против Стразбур во Лигата на Европа, кога ги бранеше боите на неговиот поранешен клуб Ајнтрахт Франкфурт.

Ребиќ невнимателно стартуваше над голманот на Стразбур, а покрај црвениот картон доби и суспензија од пет натпревари во Европа. Тој сега е член на Милан, па доколку „росонерите“ се квалификуваат во едно од европските натпреварувања следната сезона, тие нема да можат да сметаат на Хрватот на пет натпревари.

Се вчитува...