Шарл Леклер продолжува да ја живее бајката во својата дебитантска сезона во болидот на Ферари откако младиот возач од Монако стигна до пол-позицијата на денешните квалификации за трката за ГН на Сингапур.
Охрабрен по победи на последните две трки, на кои исто така стартуваше од пол-позицијата, асот на Ферари извозе одлично и денеска, оставајќи ги зад себе проблемите со менувачот за брзина од петочниот тренинг.
Зад него денешните квалификации ги заврши Луис Хамилтон, од третото место утрешната трка ќе ја стартува Себатијан Фетел, зад кого ќе се најдат Ферстапен, Ботас, Албон, Саинц, Рикиардо, Хулкенберг и Норис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА