Атлетико Мадрид втор натпревар по ред не успева да стигне до цел плен во „Ла Лига“, откако по поразот од Реал Сосиедад тимот на Диего Симеоне денеска ремизираше на домашен терен против Селта (0-0).
Немоќта во нападот беше главен проблем за „јорганџиите“, и оние мал број шанси што беа создадени не се реализираа, исфрлајќи ги на површина проблемите со кои Атлетико ќе се соочува во текот на целата сезона. Во второто полувреме во игра влегоа и Витоло и Мората, но мадридскиот клуб сепак не успеа да најде одговор за организираната одбрана на гостите од Виго.
Атлетико со ова реми има десет бода, исто колку и Севилја, но тимот од Андалузија има и натпревар помалку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА