Видео: Ваков меч одамна немало – „лудите“ две минути од Пролет – Металург

Ракометарите на Пролет и на Металург во суперинтересна завршница на крајот ги поделија бодовите ремизирајќи 26-26. Многу позадоволни од ваквиот исход ќе бидат гостите од Автокоманда, кои надополнија „минус два“ по 25-23, а потоа по последниот гол на Мартин Поповски успеаја да постигнат и израмнувачки гол пред самиот звук на сирената.

Погледнете ги последните две минути од овој супердраматичен натпревар од ракометната Супер-лига…

Се вчитува...