ФИФА ги прогласува најдобрите: Ван Дајк им пркоси на „вечните“ Роналдо и Меси

Вобичаените „осомничени“, Лионел Меси и Кристијано Ронално во друштво на Вирџил Ван Дајк. Ова е тројката од која вечерва во Милано ќе биде избран најдобриот фудбалер за 2019 година во изборот што го прави ФИФА. Петкратните освојувaчи на „Златната топка“ и фудбалерот на Ливерпул се во најтесниот избор за признанието „The Best Fifa Football Awards“.

Ова е четврта година по ред како светската организација самостојно организира годишен избор бидејќи реши да се одвои од „Ballon d’Or“ на „France Football“, заедница која траеше пет години. Во 2017 прв добитник беше Кристијано Роналдо.

Изборот на лауреатите се прави во комбиниран процес во кој гласаат капитените и селекторите на сите национални тимови, потоа над 200 претставници на медиумите и фановните кои гласаат он-лајн.

Американките Алекс Морган и Меган Рапино заедно со Англичанката Луси Бронз се во трка за најдобра фудбалерка. Извесно е дека премиерлигашки менаџер ќе биде избран за тренер на годината со оглед дека во трка се предводникот на европскиот првак Ливерпул, Јирген Клоп, во друштво на менаџерите на финалистот Тотенхем, Маурисио Покетино и на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола.

 

 

 

 

Се вчитува...