Менаџерот на европскиот клупски првак Ливерпул, Јирген Клоп, е избран за најдобар тренер за изминатата година во изборот „The Best“ на ФИФА. Тој ги победи во трката за најдобар стратег Пеп Гвардиола и Маурисио Покетино, менаџерите на Манчестер Сити и на Тотенхем, кои му се големи ривали и во Премиер – лигата.
„За да бидеш најдобар тренер, треба да го имаш најдобриот тим. Оваа награда им припаѓа на момците кои го освоија трофејот во Лигата на шампионите. Благодарност до Ливерпул, до сопствениците на клубот, што ми ги овозможија овие среќни моменти“, изјави германскиот стратег Јирген Клоп.
Клоп во англискиот пампионат за малку ја загуби трката за титулата од Гвардиола, но пресуден фактор беше освојувањето на трофејот во Лигата на шампионите. Ливерпул во финалето беше подобар од Тотенхем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА