Фудбалската федерација на Македонија обезбеди комплетна спортска опрема за сите наши учесници на фудбалскиот турнир во „Београд опен“ од здружението за деца и младинци со Даунов синдром „Доза среќа“.
Атлетите од македонското здружение беа дел од турнирот во мал фудбал кој се одржи во главниот град на Србија од 20. до 22. септември.
Спортистите од нашата држава претставувани преку здружението за деца и младинци со Даунов синдром „Доза среќа“, а со поддршка и на Сојузот на спортски федерации на Македонија одлично се претставија и на резултатски план, но многу поважно, повторно пратија силна порака дека овие настани и активности даваат потврда како луѓето со Даунов синдром можат, и даваат значајни придонеси во текот на нивниот живот, без разлика дали дејствуваат во училиште, на работа, во општеството, јавниот живот, културата или спортот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА