Секој нов натпревар носи и нов проблем со повредени фудбалери во Јувентус, а трендот продолжи и на вечерашниот дуел против Бреша.
Десниот бек Данило заработи незгодна повреда за време на првото полувреме и експресно мораше да биде заменет, уште повеќе зголемувајќи ги главоболките на тренерот Сари. Данило е резервна опција на оваа позиција, а повреден е и стартерот Де Шилјо, па сега Сари е принуден како бек да го користи Квадрадо, кој на претходните натпревари настапуваше како десно крило.
Покрај овие фудбалери повреден е и Кристијано Роналдо, како и Даглас Коста и капитенот Џорџо Кјелини.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА