Вардар – Шкендија, во првата меѓусебна битка сезонава

Во првата меѓусебна пресметка во новата сезона, Вардар – Шкендија денеска од 15:30 часот на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје во осминафиналето од Купот на Македонија.

По серијата позитивни резултати во низа за двете екипи изминатиов период во шампионатот, сосема е јасно дека сега во најмасовното домашно клупско натпреварување ќе биде првиот вистински тест за капацитетите и квалитетот на составите на Александар Васоски и Ерхан Селими.

„Вардарци“, без сомнение“, посакуваат триумф на дуелот како во реваншот во Тетово би имале значително засилена можност за пласман во четвртфиналето, но од Шкендија потенцираат дека носат огромен мотив за максимално надигрување со најголемиот свој противник.

„Знаеме дека не чека тежок натпревар против Вардар кој игра во добра форма. Секако ние посакуваме позитивен резултат, но во Скопје ќе биде и претпазливи затоа што, сепак, има и реванш во Тетово на кој сакаме да го завериме патот во четвртфиналето“ – вели капитенот на Шкендија, Арменд Алими.

 

Од останатите седум денешни средби, интересно се очекува да биде и во Битола каде Пелистер го пречекува Работнички…

„Пелистер е бренд во македонскиот фудбал и без разлика што сега е второлигаш, дуелот против битолскиот тим за Работнички е предизвик. Го респектираме противникот, но ние имаме големи амбиции во куп-натпреварувањето и ќе сториме се да за извлечеме позитивен резултат во Битола. Со оглед дека влеговме во ритам на натпревари недела – среда – недела, ќе се обидеме да одмориме дел од фудбалерите и да внесеме свежина во тимот. Сепак, нашата цел е јасна, да оствариме позитивен резултат“ – изјави шефот на стручниот штаб на „романтичарите“, Александар Влахо, за официјалниот сајт на клубот.

КУП НА МАКЕДОНИЈА – ОСМИНАФИНАЛЕ (први натпревари, 15:30 ч.)

Се вчитува...