Агим Ибраими доби забрана за европски натпревари до крај на 2020

Европската куќа на фудбалот немаше воопшто милост кон фудбалерот на Шкендија, Агим Ибраими кој доби суспензија од европски натпревари до крај на 2020 година.

Ибраими доби огромна казна, но без конкретен број на натпревари под суспензија, но временска до крајот на следната година.

Казната е поради удар со глава на судијата на мечот меѓу Шкендија и Дуделанж, кој заврши без победник 1-1, а тетовци доживеаја елиминација од европските натпревари.

Се вчитува...