Доживотна забрана за навивач на Рома поради расистички напади

Фудбалерот на Рома, Жуан Жезус се најде на мета на расистички напади по поразот на „волчицата“ од Аталанта.

По натпреварот дефанзивецот на Рома објави слика на која се гледа како еден навивач го навредувал на социјалните мрежи. Жуан Жезуз накратко изјави дека е горд на тоа што е, а набрзо стигна и реакција од клубот, кој го пријави во полиција навивачот кој што го навреди Жезуз, а исто така доби и доживотна забрана да присуствува на натпреварите на Рома.

 

Се вчитува...