Веселин Вујовиќ по неколку години пауза се врати на клупата на Загреб, а судбината сакаше тој првиот меч по камбекот да го има против големата Барселона, клуб за кој со голем успех настапуваше како играч.
„Барса е навистина специјален клуб во светот на спортот. Претходно кога и да се враќав таму, бев среќен бидејќи во себе имам толку многу спомени од прекрасните моменти минати во Барселона. Толку многу луѓе оставија силен печат врз мене, како „Паски“, Енрик Масип, Чави О’Калахан… на сите нив им ја посакувам сета добрина на овој свет“ – истакнува Вујовиќ во пресрет на дуелот со својот поранешен клуб.
Легендарниот ракометен лик е познат по својот темперамент, но за „Вујо Мајсторе“ нема дилеми – тој е таков каков што е и нема намера да се менува.
„Јас сум роден како победник, затоа и Барселона ме потпиша во тоа време. Никогаш не се криев, сакав да ги решавам натпреварите. Истиот карактер го имам и како тренер. Некој велеше дека сум бил „копиле“, јас одговарав дека е во право бидејќи само ако си со таков карактер можеш да успееш во ракометот. Ако сакаш да си фин, оди играј одбојка. Во ракометот има многу конракт, врела крв и адреналин, мора да си подготвен на сето тоа и да знаеш на крајот да победиш“ – порачува Веселин Вујовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА