Капитенот на одбојкарската репрезентација на Македонија, Никола Ѓоргиев, откако ги заврши обврските со националниот тим, се враќа на клупската сцена. Во новата сезона ќе игра во нова земја и со сосема нов предизвик. Ѓоргиев ќе биде еден од адутите на Фридрихшафен. По Јапонија, тој сега ќе настапува во првенството на Германија.
Никола Ѓоргиев имаше одлични игри во дресот на Македонија на Европското првенство и двапати беше избран за „играч на денот“ во групата Ц во Љубљана. Во тимот на Фридрихшафен тој ќе настапува со дресот со број „14“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА