Реал Мадрид го совлада Хувентуд на нашиот Ненад Димитријевиќ со 69-88 во првото коло од шпанското првенство. Кралевите ја оправдаа фаворитската улога и со рутинска игра во текот на целиот меч стигнаа до премиерната победа во годинашниот шампионат.
Нашиот кошаркар помина 16 минути на теренот на кои забележа 7 поени, 2 скока и 3 асистенции. Најдобар поединец во таборот на Реал Мадрид беше Керол со 17 поени, додека кај Хувентуд се истакна Препелиќ со 19 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА