Симовски: Конечниот резултат е превисок во однос на случувањата на терен

Македонската женска ракометна репрезентација загуби од Чешка на вториот евроквалфикациски натпревар. Разликата на крајот беше осум гола позитива на гостинските иако нашите ракометарки 40 минути играа рамноправен ракомет. Ваков е впеатокот и на селекторот Симе Симовски.

„Победата на Чешка е заслужена, но резултатот е малку поголем и тоа не е мерило. Игравме дисциплинирано 40 минути, направивме потоа грешки во напад кои Чешка ги казни со полуконтри и контри. Во напад исто така падна концентрацијата во последните десет минути и затоа резултатот е таков каков што е. Навидум резултатот изгледа бомбастично, но не е така. Работевме за овој меч, ја подмладивме репрезентацијата. Им се дава шансата на помладите што треба да го носат товарот во иднина“ – вели селекторот Симовски.

Македонската репрезентација сега има два пораза и поравен ќе бара во мартовскиот двомеч против Португалија.

Се вчитува...