Од Болт до Колмен, најбрзите луѓе во историјата и вртлогот на допингот

Новата американска спринтерска ѕвезда, Крис Колмен се наметнува како името кое ќе владее во најбрзите дисциплини во следниот период. Тој стана светски шампион на Првенството во Доха поставувајќи резултат 9.76 секунди што е негов личен рекорд, но и шесто најдобро време во историјата.

Тој влегува во друштвото на најголемите ѕвезди и на легендите на светската атлетика и на спринтот. Лидер на оваа група се разбира е ненадминливиот Јусеин Болт. „Громот од Јамајка“ се чини уште долго ќе го држи приматот со оглед дека неговиот светски рекорд изнесува 9.58 секунди. Второто место на вечната листа во моментов му припаѓа на Тајсон Геј кој има резултат 9.69 секунди.

Идентично најдобро време во кариерата има и атлетичарот кој беше најавуван како наследник на Болт, неговиот оснародник Јохан Блејк. Следува Асафа Пауел, повторно Јамајканец,  со време од 9.72 секунди, а петтото место му припаѓа на Џастин Гетлин чиј најдобар резултат е 9.74 секунди. Во триумфот за светското злато, Колмен во директен дуел го детронизираше Гетлин.

Она што е неизбежно да се спомене во приказната за најбрзите луѓе во светот се проблемите со допинг кои ги имаа најголемиот дел од нив. Освојувачите на златото и среброто во Доха се „извалкани“ како нечесни. Особено Џастин Гетлин кој има две суспензии поради допинг, но тој потоа се врати, осови злато во Лондон и сега среберен медал во Доха, Колмен пак беше под закана од суспензија непосредно пред ова Светско првенство, но сите надлежни институции некако решија да му простат.

ВАДА почна постапка против него откако американскиот спринтер пропуштил три допинг теста во 12 месеци. Сепак давајќи нејасно објаснување, светската анти-допинг агенција ја запре постапката.Суспензии поради допинг имаат и Тајсон Геј и Асафа Пауел. Единствен чие име не е извалкано со допинг афера е Јусеин Болт.

 

Се вчитува...