Историска трка на 50 километри брзо одење во Доха: Титули за Сузуки и за Лианг

Историја беше испишна на машката трка на 50 километри брзо одење на Светското атлетско првенство во Доха откако со победата, Јусуке Сузуки стана првиот Јапонец кој осовил титула во оваа дисциплина. Освјувачот на среброто, Жоао Виеира влегува во историјата, но не само поради медалот туку поради тоа што во 11-то учество на Светските првенства со 43 години стана највозрасниот медалист воопшто.

Во брзиот финиш, Канаѓанецот, Ејван Данфи дојде до бронзата заканаувајќи му се дури и на вотрто место на Виеира. Данфи пак е првот претставник на неговата држава кој осовил медал на исцрпувачката трка на 50 километри брзо одење.

 

 

Женската трка на 50 километри брзо одење беше далеку помина и мина во доминација на кинеските натпреварувачки. Поранешната светска рекордерка и победничка на тимското натпреварување во брзо одење на IAAF, Лианг Руи додаде уште едно злато во богатата колекција. Ја освои титулата поставувајќи време од 4.23.26 часа. Нејзината сонародничка, Ли Макуо задоцни три минути и го освои среброто додека бронзата и припадна на европската рекордерка, Италијанката Елеонора Џорџи.

 

 

 

 

 

Се вчитува...