Работник не ја учи лекцијата, загуби и од Бидасоа по истиот рецепт како и претходно во ЛШ

Македонскиот ракометен вицепрвак, Еурофарм Работник го претрпе и третиот пораз во групата фаза од Лигата на шампионите. Речиси на идентичен начин како во претходниот дуел со Савехоф, битолскиот состав испушти солидна предност и потоа се соочи со поразот од шпанската Бидасоа од 26-25.

Работник имаше највисоки шест пола позитива во 35 минута, но со серија од 6-1, Бидасоа го сврте резултатот, дојде до 17-17, по што Работник имаше минимална предност од еден гол во одреден период, но домашниот тим повторно влезе во серија и ја презеде контролата на резултатот и со нова серија од 4-0 поведе со 23-20 на шест минути до крајот. Во финишот, Работник се обиде да се врати, имаше и само еден гол негатива во завршната минута и играч повеќе, но не успеа да направи подвиг.

Претходно во првото полувреме, Работник до првото пводство дојде во 18 минута кога поведе со 708. Потоа врза серија од три последовни гола и имаше два позитива, па дури и три гола предност на полувремето, 11-14.Владислав Острушко со девет гола беше прв стрелец кај Еурофарм, Никола Митревски забележа 13 интервенции.

Еурофарм има три порази по три одиграни кола и е претпоследен на табелата во групата Ц. Бидасоа е на врвот со максимален учинок.

 

 

 

Се вчитува...