Етиопиецот Кенениса Бекеле триумфираше на Берлинскиот маратон со одличен резултат од 02.01.41 часа, време кое е само за две секунди послабо од израмнување на актуелниот светски рекорд кој му припаѓа на Кениецот Елиуд Кипчоге. Резултатот на Бекеле е второ најдобро време во маратон во историјата.
„Навистина ми е жал. Немав среќа, но сепак јас можам да го направам ова. Нема да се откажам“ – изјави Бекеле по победата.
Кенениса Бекеле кој е поранешен олимписки и светски шампион на 5000 и на 10 000 метри триумфираше пред Бриану Легесе кој имаше 1,07 минути послабо време што е трет најдобар резултат во историјата. Сисав Леме на третото место ја комплетираше етиописката доминација на подиумот.
Ашет Бекере е победничка во женска конкуренција триумфирајќи во конкуренција на сонародничката од Етиопија Маре Дидаба од која беше подобар за само осум секунди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА