Репрезентацијата на Србија е новиот европски одбојкарски шампион. Во финалето на Европското првенство во Париз, Србите со 3-1 во сетови ја победиjа Словенија. Српските одбојкари направиjа пресврт откако Словенците го добија воведниот сет со 25-19. Потоа следуваше српскиот налет. Одбојкарите на нашиот северен сосед го освоија вториот сет со 25-16, третиот им припадна со 25-18, а во четвртиот беа подобри со 25-20.
Александар Атанасијевиќ со 22 и Урош Ковачевиќ со 20 поени беа лидери на тимот на Србија.
За репрезентацијата на Србија ова е трета европска титула, а 11-ти медал на последните 14 континентални собири. Словенците не успеаја ниту во втoриот обид да дoјдат до европската круна. Сега репрезентациите на Србија, и женската и машката, се актуелни европски прваци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА