Шели-Ен Фрејзер-Прајс и Дина Ашер Смит ќе ја водат главната битка за титулата на спринтерската трка на 100 метри на Светското атлетско првенство во Доха. Јамајканката која е трикратна светска шампионка имаше најдобар резултат во полуфиналето, истрча 10.87 секунди и беше само за осум стотинки побрза од Британката Ашер-Смит кој има одлична сезона и ќе и биде главна конкуренција на Фрејзер-Прајс.
Бранителката на светската титула од Лондон, Американката Тори Боуви не се појави во полуфиналната трка, па Тиана Дениелс ќе биде единствената претставничка на САД во финалето.
Финалната трка е закажана за 22.20 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА