СП Доха: Кинеска доминација на 20 километри брзо одење

32-годишната Хонг Лиу, отсустуваше две години од атлетиката поради мајчинство, но тоа воопшто не и пречеше да ја осви третата светска титула на 20 километри брзо одење. Славеше на една од најтешките делници на третиот натпреварувачки ден на Светкото атлетско првенство во Доха поставувајќи резултат 1.32.52 часа.

Лиу го предводеше победничкото трио од Кина на подиумот. Втората позиција и среброто и припаднаа на Кјанг Шенје, а бронзата е за Ѕанг Лиуџинг. Порвпат во историјата се случува во брзо одење сите три медали да и припаднат на една држава.

 

 

Се вчитува...