КАТАПУЛТ: Перо и Тоше „умерените“ ги дисциплинираат жените

Екипа

Тоа што во кодекс усвоен на Управен oдбор им изнапишале на вработените дека практично се небањати кои лошо се облекуваат за на работа, Перо, Тоше и Лазар се поставуваат како критериум за умереност кај жените. Жените да биле умерени, пази те молам, а вие умерени ли сте. Кој е критериумот за умереност. Како го одредувате тоа. И да не излезе дека сум плавуша која баш и не разбрала, оти ова умерено треба да биде демек пристојно, одма да ви кажам. Ги навредуват сите жени што работат во Федерацијата. Затоа што ако сте имале потреба да ги опоменете во толку официјален документ дека треба да бидет умерени, за некоја од нив веројатно сметате дека не е.

И на крајот во ова несреќно срочено писание, точката шест околу облекувањето ви ги урива сите претходни. Ако има униформи, што им објаснувате во 100 реченици како да не доаѓаат на работа. Секако се во официјалните-брендирани алишта. Колку ли само време го мислевте и го баравте овој спекакуларен израз тесни-фитинг облеки припиени за телото. Жими се не знаев ни дека постои ваков израз. Еј и џинс можело, ама неупадлив. Јас да работам во Федерација ќе дојдам со сите пара фармерки што ги имам, да ми каже тројкава кои според нив се дозволени.

Ова некако ми се виде најстрашно во небулозава што сте ја дотерале до таква официјалност, па сте ја гласале на Управен одбор. Имате еден тон глупости и небулози кои и капак на се ви се лошо срочени. Дечки, не се прави ова вака. За вас е срамота. А имате и Лига за оправање. Ви фалат „само“ два клуба.

И да сметајте го ова за внесување во лице. 

**********************************************************************************************

Ја гледате ли сликава. Се надевам дека ја гледаат и во Атлетската федерација на Македонија. Оти баш вака, како со „ворп“ брзина современата светска атлетика и бега на македонската. Тоа што овој спорт спаѓа во најсиромашните во земјава не е алиби за раководствата кои две години се натегаа кој да биде претседател.

Ако е толку тешко и лошо, за што се расправате пред цела македонска јавност. Тешко и лошо им е на атлетичарите во земјава. Она што им го нудите како услови за натпреварување и тренирање е под секое човечко достоинство. Се преплашив од сликите од државното првенство. И да, глупаво е веројатно да се прават споредби со сликите од Доха. Не дека Доха е совршена, со влажноста на воздухот која ги убива алтетичарите и со петорицата на трибини на стадион за 30.000, ама таму гледаме како изгледа атлетско натпреварување во 21. век.

И никој не може да биде амнестиран, ниту клубовите, најмалку федерацијата. АФМ пола месец се допишува со клубот на единствениот македонски претставник во Доха. Сериозна федерација го решава проблемот, тивко и најдобро за сите. Пред се најдобро за атлетичарот. Тренерот немал лиценца, па бил од Србија, па не сакале да и платат, па сама да си платела, па не било по статут.

Се ни раскажаа, не кажаа како Јован ќе се појави на големата сцена со тренер кој не го познава.

Ама па кога ќе видиш дека соопштението го пратија на месинџер од профил „ана-банана“, карикирам, па откако реагиравме ни стигна мејл  од „јовче-јовче“, пак карикирам, ама слично беше и тоа со погрешен наслов. Соопштението се викаше „Избор на најдобрите за 2018 година“. Добро после го поправија.

Па тоа, во земја со два и пол атлетичари, медиумите се занимаваат со преписките околу изборот на претседатели и преписките на федерацијата и клубот на единствениот атлетичар на СП. Еве дојде  1 октомври. Ќе го видиме на тартанот и нашиот најголем потенцијал. Оти како репрезент на Светско првенство тој треба да е најдобриот производ што периодов го дала „македонската атлетика“.

**********************************************************************************************

Арпад Штербик може да има лош ден, ама голманите на Вардар може па некогаш и да имаат добар. Ко за промена. Не дека го смислив ова сама, го прочитав и ми се виде ама баш точно објаснување за ситуацијата кај европскиот шампион. Ако не па Никола Митревски нека ги го земат, оти и тој е во расчекор со клубот. Тој брани овие губат. Кај Вардар никој ништо не брани, ако фатат некоја топка дури и за Работник ќе осовјуваат бодови.

 

 

 

Се вчитува...