Азар: Сакам цел Мадрид да се гордее со мене

Еден Азар пристигна како суперзасилување во Реал Мадрид, но белгискиот интернационалец на првите натпревари во дресот на „кралскиот клуб“ се мачи да ги оправда очекувањата на управата, тренерот и навивачите на шпанскиот гигант. Екс-фудбалерот на Челси е свесен за слабостите во своите изданија и најавува многу подобри партии во иднина.

„Сакам цел Мадрид да се гордее со мене и ќе сторам се за тоа да се случи. Знам што се очекува од мене и свесен сум дека не играм најдобро, но тоа ќе се промени. Тренерот верува во мене, инсистира уште повеќе да се докажувам и неговата доверба многу ми значи. Можеби малку доцнам со формата поради повредата на стартот од сезоната, но тоа не е никаков изговор. Работам напорно и очекувам веќе на следните натпревари да покажам игри од кои сите ќе бидат задоволни“ – изјави Азар.

Следен предизвик за „кралевите“ е утрешниот домашен натпревар против Бриж во рамките од Лигата на шампионите.

„Не е се толку црно, први сме на табелата во Ла Лига. Поразот од ПСЖ беше удар за сите во тимот, но очекувам против Бриж да се вратиме на посакуваните победнички патеки и во Лигата на шампионите“– оптимист е Еден Азар.

Се вчитува...