Полјаците го објавија списокот за мечот со Македонија: Левандовски, Пјонтек, Милик, Зиелински…

Селекторот на Полска Јержи Бржечек, го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за претстојните квалификациски натпревари против Летонија (10 октомври во Рига) и против Македонија (13 октомври во Варшава). Нападот е пеколен, го предводи Роберт Левандовски, а на листата на повикани се и Кжиштоф Пјонтек и Аркадиуш Милик.

Во средниот ред се Криховјак, Зиелински, Клих, а единствено отсуствува повредениот голман Лукаш Фабијански, чуварот на мрежата на Вест хем кој ќе мора да паузира три месеци. Но, првиот голман Војчех Шчешни секако е на списокот на селекторот Бржечек.

 

Се вчитува...