Шеснаесетгодишната Грета Тунберг се најде во центарот на вниманието на светската јавност по говорот на климатскиот самит на Обединетите нации во Њујорк. Поради начинот на кој таа го одржа говорот наиде на негативни коментари во јавноста. Од коментари не се воздржа ниту тренерот на италијанскиот нисколигаш Гросето, Томазо Казалини. Тој на социјалните мрежи ја навреди Грета, а веднаш потоа следеше реакција од клубот, кој ја прекина соработката со тренерот.
„Таа е ку*ва. Има 16 години и доволно е стара за тие работи“, напиша Казалини.
Од клубот потврдија дека тој добил отказ бидејќи не доликува тренер на нивниот тим да се однесува така.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

