Еден од најдобрите атлетски тренери кој своевремено работеше и со легендарниот Мо Фарах, Алберто Салазар доби суспензија од четири години, поради помагање на конзумирање на недозволиви супстанци на своите атлетичари.
Салазар „падна“ на проектот „Најки Орегон“, каде ги подготвуваше американските атлетичари на долги патеки. По дополнителните истражувања се утврдило дека поголемиот дел од атлетичарите кои биле дел од кампот биле допингувани.
Салазар е обвинет за ситуацијата на кампот, а самиот тој ги отфрла обвинувањата велејќи дека е шокиран од одлуката да биде суспендиран четири години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА