Најлош старт за Реал Мадрид во ЛШ во историјата

Најтрофејниот клуб во фудбалската Лига на шампионите, Реал Мадрид, го има најлошиот старт на сезона во елитното натпреварување откако е воспоставен новиот формат. Реал загуби убедливо на гости против ПСЖ со 3-0, а синоќа ремизираше 2-2 со Клуб Бриж во Мадрид.

Никогаш претходно на Реал Мадрид не му се случило да нема победа во две одиграни кола во Шампионската лига. Четири пати се случувало „кралскиот клуб“, сезоната да ја почне со порази, меѓутоа веднаш брзо се враќал на победнички патеки. Во следното коло, Реал Мадрид игра против Галатасарај.

Се вчитува...