Раководството на Арсенал е цврсто решено да ги засили одбранбените редови на тимот кој досега во Премиерлигата прими 11 гола. Па, според германските медиуми, Унаи Емери сака во своите редови да го донесе младиот репрезентативец на Франција, Дајот Упамекано, член на Лајпциг.
Веќе се стартувани преговори меѓу двата клуба за преселба на талентираниот стопер во Лондон. Како што пренесува германски „Билд“, Арсенал за Французинот е подготвен да издвои 60 милиони евра.
Својата фудбалска кариера младиот дефанзивец ја започна во француски Валенсиенс, а има настапувано и за Салцбург, братскиот клуб на Лајпциг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА