Ериксен донесе конечна одлука, по „бурната есен“ во Тотенхем

Данскиот интернационалец Кристијан Ериксен одлучи да го напушти Тотенхем. Очајните игри на лондонскиот тим се поради лошите односи меѓу фудбалерите, а последен е скандалот во кој жената на Данецот најверојатно била во интимна врска со Јан Вертонген.

Сите овие работи го раздрмаа Ериксен кој реши дека е време за нов предизвик во кариерата. Како прва опција за продолжување на кариерата се споменува Реал Мадрид, кој веќе е во преговори со менаџерот на фудбалерот за негов премин на „Сантијаго Бернабеу“. Ериксен ја игра последната сезона од договорот со лондонскиот тим, а јануари е последна шанса да заработат за неговите услуги.

 

Се вчитува...