Македонската женска репрезентација денеска од 15 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје ја очекува третиот натпревар од квалификациите за ЕП, против селекцијата на Србија.
По претходната убедлива победа од 4-1 против Казахстан, македонските девојки носат огромен мотив за надигрување и со фаворитот Србија, верувајќи дека може да позитивен резултат.
„Запишавме фантастична победа против Казахстан. Атмосферата во националниот тим е одлична. Им се вративме на победите, и затоа носиме силен мотив за надигрување и на денешниот дуел со Србија“ – вели најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА