Мајорка дојде до втората своја победа сезонава во Ла Лига триумфирајќи во 8. коло против Еспањол со 2-0.
Домаќините одиграа рутински натпревар со најавена победа уште во 37. минута со голот на Будимир. Во 73. минута Салва Севилија ги постави конечните 2-0.
Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски не доби шанса за настап на натпреварот, останувајќи само на клупата за резервни фудбалери.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА