Тиквеш продолжи со победите во Втората лига – Исток славејќи со 1-0 против Кит Го во 7. коло од првенството, на тој начин задржувајќи ја челната позиција на табелата. Убедливи победи запишаа Брегалница, Беласица, Кожуф и Каменица Саса.
На натпреварот во Кавадарци, Тиквеш до победата дојде со голот на Емир Скендери во 64. минута од средбата.
Брегалница сосема очекувано дојде до лесна победа од 3-0 против прилепска Победа. По почетната иницијатива Брегалница до предност дојде во 21. минута кога Ристе Наумов на одличен начин со глава од десеттина метри мајсторски смести во противничката мрежа по центаршутот од левата страна на Филип Миленковски.
Во второто полувреме следеше одличен погодок на Марио Наумоски кој со прекрасен шут од 16 метри во 50. минута зголеми на 2-0, а во 59. минута Стојанче Велинов прецизно стрелаше од белата точка за 3-0.
Беласица со 0-8 триумфираше на гостувањето против Питу Гули благодарение на пет гола на Мартин Мирчевски, а по еден постигнаа Дарко Размоски, Благоја Истатов и Даниел Радојчиќ.
Кожуф со 0-4 славеше на гости против Осогово со головите на Џинов, Костадинов, Тодоров и Костадин Зајков, додека Каменица Саса во Радовиш славеше против Плачковица со погодоците на Кировски и Нешовски во првото полувреме.
ВТОРА ЛИГА – ИСТОК (7. КОЛО)
Кавадарци: ТИКВЕШ – КИТ ГО 1-0
Пехчево: БРЕГАЛНИЦА – ПОБЕДА 3-0
Прилеп: ПИТУ ГУЛИ – БЕЛАСИЦА 0-8
Радовиш: ПЛАЧКОВИЦА – КАМЕНИЦА САСА 0-2
Кочани: ОСОГОВО – КОЖУФ 0-4
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА